VIVAX фрижидерот со замрзнувач DD-235E X е постариот брат на најпопуларниот модел DD-207E! Доколку ви е потребен фрижидер со замрзнувач со две вратички, а во исто време ви е потребен повеќе простор, DD-235E X е идеален избор. Голем фрижидер со посебен замрзнувач со вкупен капацитет од 235 L, доволен е за поголемо семејство. Покрај тоа што е економичен во потрошувачката на енергија, зафаќа и многу малку простор. Капацитетот на фрижидерот од 194 литри со вкупно четири стаклени полици ја обезбедува свежината на храната и го продолжува нејзиниот рок на траење, додека фиоката на дното од фрижидерот овозможува одвојување на свежото овошје и зеленчук од остатокот од храната.
Замрзнувачот со 4 ѕвездички со капацитет од 41 L обезбедува длабоко замрзнување на зеленчук, сладолед, месо и друга храна со ниска потрошувачка на енергија.
Доколку е потребно, отворањето на вратата од десно може да се смени во отворање од лево. Вратите од не'рѓосувачки челик (Инокс) сигурно додаваат елеганција!